Царината потпиша меморандум за разбирање со Japan Tobacco International

Bez autora
Aug 29 2012

Меморандум за разбирање помеѓу Царинската управа на Македонија и компанијата Japan Tobacco International потпишан е во средата во Скопје. Со овој Меморандум се продолжува досегашната континуирана и успешна соработка која започна во 2007 година со потпишување на првиот ваков меморандум. Основна цел за склучување на овој Меморандум е заедничка и координирана соработка во заштитата на легитимната трговија со тутунски производи и спречување и откривање на недозволена трговија со тутунски производи, како криумчарење на оригинални тутунски производи, нелегално производство, трговија и дистрибуција на фалсификувани производи, со што двете страни потписнички ќе придонесат во зацврстување на сигурноста и транспарентноста на пазарот со тутунски производи, заштита на интересите на бизнис-партнерите и позитивно ќе влијаат на целокупната општествена, економска, социјална и бизнис клима во државата.

Царината потпиша меморандум за разбирање со Japan Tobacco InternationalМеморандум за разбирање помеѓу Царинската управа на Македонија и компанијата Japan Tobacco International потпишан е во средата во Скопје.

Со овој Меморандум се продолжува  досегашната континуирана и успешна соработка која започна во 2007 година со потпишување на првиот ваков  меморандум, информира Царинската управа.

Основна цел за склучување на овој Меморандум е заедничка и координирана соработка во заштитата на легитимната трговија со тутунски производи и спречување и откривање на недозволена трговија со тутунски производи, како криумчарење на оригинални тутунски производи, нелегално производство, трговија и дистрибуција на фалсификувани производи, со што двете страни потписнички ќе придонесат во зацврстување на сигурноста  и транспарентноста на пазарот со тутунски производи, заштита на интересите на бизнис-партнерите и позитивно ќе влијаат на целокупната општествена, економска, социјална и бизнис клима во државата.

И овој Меморандум ќе биде ефективен една година од датумот на потпишување, и роковите автоматски ќе се обновуваат за дополнителни периоди од една година, освен ако една од потписничките страни не изрази желба истиот да биде раскинат.

Практичната имплементација на овој Меморандум за разбирање ќе придонесе за зголемување на капацитетот на Царинската управа во борбата против нелегалната трговија со тутунски производи.

Меморандумот денеска во Скопје го потпишаа директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов и Cristian Grigore Cring, Потпретседател на Japan Tobacco International за Западен Балкан.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik